spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

По повод Светскиот ден на животната средина 60 дечиња ученици од ООУ Кочо Рацин на едукативна работилница имаа можност да се вклучат низ игра запознавајќи ја природата и нејзината биолошка разновидност.

Во Ботаничката градина која е дел од низата проекти на Град Скопје за подигнување на нови зелени површини, кои се реализираат со цел унапредување на животната средина, дечињата самостојно работеа на проект на разубавување и раззеленување на градината со нови садници.

Едукативната работилница се реализира во рамките на фестивалот за детска креативност Трамболини, организиран од Детскиот културен центар Карпош со поддршка од Град Скопје.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Илинден: Асфалтирана улица во Јака

0
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Денеска асфалт доби уште една улица во населбата Јака, односно улица „109“ која е во...