spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Три улици ќе добијат бесплатни Цветни жардињери

Охрид: Три улици ќе добијат бесплатни Цветни жардињери

Граѓаните кои живеат на улиците „Радојца Новичиќ“, „130“ и „28 Април“ ќе може да подигнат жардиниери со саксиско цвеќе, како дел од проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.

Доделувањето на жардињерите ќе се одвива денеска, 5-ти јуни (среда) и утре, 6-ти јуни (четврток) во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид, од 9 до 13 часот.

Заитересираните граѓани со себе треба да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

Овој проект, Општина Охрид го реализира секоја година во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, а годинава е предвидено да бидат поделени 400 бесплатни жардиниери со саксиско цвеќе.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...