spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСвети Николе: ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата...

Свети Николе: ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Свети Николе, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.06.2024 година се објавува:

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “ОКО сервис 11 (Општествено корисна општина)” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Свети Николе.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест)месецин/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, активни баратели на работа.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);

– невработени лица

– млади лица до 29 години и

– лица постари од 50 години.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

  • Работно место 1: Негователи во Детска градинка

Позиции за работно место 1: 3 негователи

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:

ССС – средно медицинско училиште, средно образование – насока гимназија, средно музичко училиште, средно ликовно училиште, средно фискултурно образование;

Да поседува важечка лиценца за неговател издадена од Комисија за лиценцирање на стручни лица во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и на директори на установи за деца при МТСП;

Способност за работа со деца, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката.

Кандидатите треба да се активни баратели на работа..

  • Работно место 2: Воспитувач во Детска градинка

Позиции за работно место 2: 1 воспитувач

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2:

ВСС – дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание и дипломиран педагог – со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1степен или лице со завршени студии за одделенска настава;

Да поседува важечка лиценца за воспитувач издадена од Комисија за лиценцирање на стручни лица во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и на директори на установи за деца при МТСП;

Способност за работа со деца, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката.

Кандидатите треба да се активни баратели на работа.

  • Работно место 3: Социјален работник во Дневен центар за лица со попреченост

Позиции за работно место 3: 1 социјален работник

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3:

ВСС – социјална работа и социјална политика;

Способност за работа со лица со попреченост, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката.

Емпатија, отвореност, недискриминирачки пристап и толеранција кон различности; Способност да оствари позитивна релација со ранливи категории на лица и стекнување на нивната доверба.

Кандидатите треба да се активни баратели на работа.

  • Работно место 4: Неговател во Дневен центар за лица со попреченост

Позиции за работно место 4: 1 неговател

Потребни квалификации и занимања за Работно место 4:

ССС – средно медицинско училиште, средно образование – насока гимназија;

Способност за работа со лица со попреченост, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката.

Кандидатите треба да се активни баратели на работа.

  • Работно место 5: Фасилитатор за унапредување на социјален дијалог на локално ниво

Позиции за работно место 5: 1 фасилитатор

Потребни квалификации и занимања за Работно место 5:

ССС – средно образование;

Основно познавање на работа со компјутери, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство.

Кандидатите треба да се активни баратели на работа.

  • Работно место 6Младински координатор за унапредување на младински активизам во насока на подобрување на социјални услуги на локално ниво

Позиции за работно место 6: 1 младински координатор

Потребни квалификации и занимања за Работно место 6:

ВСС – високо образование;

Способност за тимска работа и работа под пристисок, способност за работа со млади и лица со попреченост, комуникациски вештини, самоиницијативност, со или без работно искуство.

Кандидатите треба да се активни баратели на работа.

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Свети Николе во периодот од 05.06.2024 година до 13.06.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Свети Николе и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Свети Николе кај лицето Ивана Димитрова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Свети Николе,  кај лицето Благица Тодоровска,  Центар за социјлна работа Свети Николе кај лицето Даниела Давиткова.

Општина Свети Николе

      ГРАДОНАЧАЛНИК

Дејан Владев

Извор: Општина Свети Николе

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...