spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Превенција од употреба на дрога од Општинскиот совет за превенција од...

Велес: Превенција од употреба на дрога од Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво

Во рамки на своите активности, Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво одржа едукативна презентација за дрогата во Големата сала на Општина Велес. На презентацијата беа присутни ученици од основните и средните училишта кои слушнаа што е дрога, какви видови на дрога има, кои се негативните ефекти од нејзиното користењето и последиците што таа ги остава врз психо-физичкото здравје на една личност.

Трибината ја водеше претседателката на Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво, Менче Андреева, а се обратија и психологот Тоше Лучков,  и Билјана Ѓакова од Советот за превенција при СВР Велес.

Учениците покажаа голем интерес и активно учествуваа со прашања до стручните лица за тоа како можат да си помогнат и да кажат „не“ на сите видови дрога.

На презентацијата присутни беа и педагошко-психолошките служби во училиштата, социолози и претставници од МВР – СВР Велес, секој од свој стручен агол делеше совети како да се избегне ситуација во која е присутна дрогата и каде да се пријави таков случај.

Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво, преку разни трибини и работилници за одделни целни групи и реализација на бројни проекти врши континуирана едукација и подигање на свеста за девијантните појави кои се сè поприсутни во секојдневието на децата и младите.

.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...