На 30.05.2024 година, под координација на градоначалникот Никола Најдовски, се спроведе и реализира хуманитарната активност, традиционално, од обезбедените финансиски средства од хуманитарниот меѓуинституционален турнир во мал фудбал под покровителство на градоначалникот, деветти по ред оваа година.
Вработени во локалната самоуправа се мобилизираа и успешно доставија социјални пакети со храна – прехранбени производи, а кои се наменети за најранливи домаќинства во населените места во општината.
Градоначалникот Најдовски, изрази огромна благодарност до сите кои, преку учеството на спортско – рекреативната манифестација, непосредно помагаат за нашите социјално загрозени домаќинства на територијата на општината.
Извор: Општина Демир Хисар