spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниМаврово и Ростуше: Повик за учество на дводневна Работилница

Маврово и Ростуше: Повик за учество на дводневна Работилница

Се повикуваат сите заинтересирани жители да учествуваат на дводневната едукативна работилница. Работилницата ќе ја води експертот за изработка и продажба на сувенири и традиционални еко производи, г-дин Ирвин Арнаудов. Истата е дел од активностите предвидени во проектот “ЕКО Тезги – дополнителна можност за промоција на локалните вредности и еко производите”.

Преку овој проект, кој е финансиран од страна на проектната програма за Одржливо искористување на природните ресурси во Кораб-Коритник, Шара и Албанските Алпи, финансирана од страна на фондацијата CNVP (Connecting Natural Values and People), и PONT (Prespa Ohrid Nature Trust), беа изработени 4 типски еко тезги, наменети пред се за нашите сограѓани кои во иднина би сакале да развијат свој бизнис или да обезбедат дополнителен приход.

Ги повикуваме сите кои би сакале да научат нешто практично и од прва рака да слушнат како господинот Арнаудов од една обична идеја создал сериозен бизнис и во моментов во негова сопственост има неколку продавници за сувенири и еко производи. Покрај ова оние кои ќе покажат сериозен интерес за работа ќе имаат можност да отпочнат бизнис соработка со господинот Арнаудов, но и со неколку други локални и регионални производители на сувенири и еко производи. Настанот ќе се одржи во горниот дел од кафе барот Меди 95 Ростуше, во Петок и Сабота со почеток во 10 часот. 

Извор: Општина Маврово и Ростуше

Прочитајте

МЗ: Жителите ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...