spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДемир Капија: Ј А В Е Н ...

Демир Капија: Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување воПрограмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Демир Капија, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 07.06.2024 година се објавува:

 

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

 

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Хоризонти на надеж: Зајакнување на заедницата во Општина Демир Капија” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Неготино.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест) месеци / 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица – корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица активни баратели на работа.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

–          Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);

–          Млади лица до 29 години;

–          Лица постари од 50 години;

–          Лица корисници на Гарантирана минимална помош;

–          Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;

–          Жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници;

–          Лица припадници на ромската етничка заедница;

–          Самохрани родители;

–          Родители на деца со пречки во развојот;

–          Родители на 3 и повеќе деца;

–          Лица со незавршено средно или пониско образование;

–          Невработени лица.

 

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

 

Работно место 1: Воспитувач во ЈОУДГ „Борис Трајковски“ Демир Капија 

Позиции за работно место 1:   1

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:

– Дипломиран професор по предучилишно образование, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст и дипломиран педагог за предучилишно воспитание – со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен или со завршено вишо образование за воспитувачи;

– Стекната лиценца за вршење на работи и задачи како воспитувач.

* Кандидатите треба да се активни баратели на работа

 

Работно место 2: Негувател во ЈОУДГ „Борис Трајковски“ Демир Капија

Позиции за работно место 2:   2

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2:

– Завршено четиригодишно средно образование од струките: гимназиска, уметничка, фискултурна и медицинска струка;

– Стекната лиценца за вршење на работи и задачи како негувател.

* Кандидатите треба да се активни баратели на работа

 

Работно место 3: Фасилитатор за координација и поддршка на социјални услуги во народната кујна

Позиции за работно место 3:   2

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3:

– Завршено средно образование, недооформено средно и основно образование.

* Кандидатите треба да се активни баратели на работа

 

Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Неготино во периодот од 07.06.2024 година до 14.06.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Демир Капија и избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Демир Капија кај лицето Стефанија Соколовиќ, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, во Агенција за вработување – Центар за вработување Неготино кај лицето Јасминка Лембова и во Центар за социјална работа Неготино кај лицето Цанка Рутева.

 

 

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

Лазар Петров

Извор: Општина Демир Капија

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...