spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedЦентар: Во среда ве чекаме на филмска вечер пред Рамстор Мол

Центар: Во среда ве чекаме на филмска вечер пред Рамстор Мол

Општина Центар и Рамстор мол ја продолжуваат соработката во насока на збогатување на културниот и социјалниот живот на граѓаните. Затоа оваа среда на 12 јуни со почеток од 19ч организираме филмска вечер пред платото на Трговскиот центар Рамстор Мол. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги поканува граѓаните на филмско дружење под отворено небо.

„Ги поканувам граѓаните да ни се придружат. Влезот е слободен. Ќе има lazy bags и столчиња со капацитет до 150 места за седење. Кино Рамстор ќе го отвораме со два документарни филма од областа на екологијата „Текстилна планина“ и „Велосипедски приказни“, а по нив ќе биде прикажан филмот „Француски бакнеж“. Ве очекуваме на филм, пуканки и добра забава со диџеј Alexandar Nk“, вели Герасимовски.

Проекциите на еко филмовите се дел од проектот „Младински активизам за позелени општини“ на Општина Центар, кој е поддржан од делегација на ЕУ, спроведен од Македонско здружение на млади правници, Go Green – Биди Зелен, Центар за климатски промени и Младинска Асоцијација Креактив Кавадарци.

Извор: Општина Центар

Прочитајте