Во Велес беше реализирана обука на локалната лидерска група од Куманово, во рамки на проектот за поддршка на луѓето што живеат во неформални населби – “Домот е еднаквост”, во организација на “Хабитат Македонија”.
На настанот беше изработена стратегија за проблемите со кои се соочуваат жителите во месноста “Стари лозја”, дел од населбата Перо Чичо, Куманово.
Беа направени и анализи за изработка на нов детален урбанистички план, кој е предвиден со започнувањето на овој проект.
На лидерската обука учествуваа претседателката и членови на Советот на Општина Куманово, раководители на сектори при Општината, претставници од институции, граѓански здруженија и претставници од месното население.
Извор: Општина Куманово