Во рамки на проектот, кој има за цел да го оживее и поттикне стариот занает – ткаењето, денеска во СОУ “Перо Наков” – Куманово, беше реализирана втората работилница, посветена на едукација на наставничкиот кадар во училиштето.
Проектните активности се реализираат со поддршка на Амбасада на Словенија во РСМ, во имплементација на Здружението – Добредојде Македонија Центар.
Преку овој проект се мотивираат талентираните ученици и нивните професори за усовршување на вештините во ткаење и зачувување на традиционалните културни вредности.
Кулминација на оваа обука ќе бидат два претстојни настани: Моден викенд Скопје и базар со наслов: “Во ритамот на македонски занаети и креации”.
На настанот присуствуваше претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.
Извор: Општина Куманово