spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: ,,МЕЧКИ МОТО РОК ФЕСТ” – дводневен традиционален фестивал

Куманово: ,,МЕЧКИ МОТО РОК ФЕСТ” – дводневен традиционален фестивал

Спортското здружение на мотоциклисти, мото клуб “МЕЧКИ” – Куманово, е организатор на дводневниот мото рок фестивал, на спортскиот аеродром Аџи Тепе во Куманово (7 и 8 јуни 2024 година).

На манифестацијата ќе учествуваат повеќе рок бендови од земјава и соседството:
– Crossroad blues band – Македонија,
– Тhe solution – Mакедонија,
– Блажа и кљунови – Србија,
– Ноќни путници – Србија,
– Sakis dovolis trio – Грција,
– Електрични оргазам – Србија.
Музичката манифестација се реализира со поддршка на Општина Куманово.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и претставници од општинската администрација.

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

Се реализираше примопредавањето на премиерската функција

0
Во Владата на Република Северна Македонија, досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски. По пристигнувањето,...