spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Доделени Решенија на граѓани за субвенции на велосипеди

Илинден: Доделени Решенија на граѓани за субвенции на велосипеди

Во просториите на Општина Илинден Градоначалникот Александар Георгиевски и оваа година ги додели Решенијата на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување на велосипеди.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден и оваа година ја спроведува оваа мерка за субвенционирање на купување на велосипеди, со цел да се стимулираат граѓаните почесто да ги користат велосипедите и велосипедските патеки, заеднички да придонесеме за поздрава и почиста животна средина и здрави навики за живеење.

Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година, која траеше до 30 април оваа година. Износот кој го доделува Општина Илинден како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Карпош: Реакција на соопштение на МВР

0
Општина Карпош реагира на соопштението на Министерството за внатрешни работи по повод тепачка во Злокуќани, а потоа и на Клиничкиот центар Мајка Тереза. Локалната...