spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОПМ: Избор на 3 еТвинери, за учество на интернационален семинар под...

НАЕОПМ: Избор на 3 еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов „Добросостојба во училиштата (Well-being at School)

Врз основа на Решение 20-633/2 од 03.06.2024 , Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува: 

  

ЈАВЕН ПОВИК 

избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов „Добросостојба во училиштата (Well-being at School) “,кој ќе се одвива од 09 до 11 септември 2024 во Тбилиси, Грузија. 

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за

избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов „Добросостојба во училиштата (Well-being at School) “, кој ќе се одвива од 09 до 11 септември 2024 во Тбилиси, Грузија. 

Трошоци за учество 

  • Националната Агенција ќе ги покрие трошоците за патување и котизацијата за настанот. 
  • Учесникот (индивидуално) треба сам да го покрие транспортот до аеродромот и назад, како и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период. 

Критериуми за аплицирање 

  • Лицето треба да има искуство со еТвининг платформата (минимум една ознака за квалитет). 
  • Лицето треба да е вработено во основно или средно училиште. 
  • Лицето треба да има познавање на англиски јазик. 

При изборот на учесниците ќе се земаат предвид следниве аспекти: историјата на учество на претходни еТвининг семинари, застапеноста по региони во Република Северна Македонија, како и постигнатата работа во рамките на еТвининг. 

Начин на аплицирање 

Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 11.06.2004 г, на електронската адреса: mila.protuger@na.org.mk  

  • Кратка биографија 
  • Свои податоци: име и презиме, телефонски број, емаил, име на училиште, адреса на живеење 

Општи мерки за спречување на корупцијата 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на  

3 (тројца ) еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов „ Добросостојба во училиштата (Well-being at School), кој ќе се одвива од 0911 септември 2024 во Тбилиси, Грузијаи при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk

Извор: Национална агенција за европски образовни прашања и програми

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...