Општина Василево во соработка со Нула отпад доби контејнери за селекција и рециклирање на стара електроника и батерии. Информацијата за оваа донација, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, ја сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов: „Достапност на услугите за селекција и рециклирање на електронскиот отпад и отпадните батерии за граѓаните на општина Василево. Поставена инфраструктура од 5 (пет) контејнери за селекција и рециклирање на старата електроника и батерии вo Општина Василево“, напиша Андонов.
Доделените пет контејнери и уште толку садови-пепелници, деновиве, во соработка со ЈПКД „Турија“, ќе бидат распоредени и поставени на различни локации во населените места, со што на граѓаните од општина Василево ќе им се овозможи истрошената и стара електроника и батерии да ги одложат прописно.
Нула отпад е правен субјект кој претставува интегриран систем за колективно постапување со отпадни батерии и акумулатори, кој во рамки на своите активности им овозможува на општествените субјекти активно учество во заштитата на животната средина.
Извор: Општина Василево