HomeОпштиниВасилево: Изградба на улица во с. Владевци

Василево: Изградба на улица во с. Владевци

spot_img
spot_img

Општина Василево започна со изградба на улица во населеното место Владевци, која како што информира градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  преку својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24, е повеќегодишно барање на граѓаните.

„Почнуваме со градежни активности на улица во Владевци.  Денес направивме увид во градежните активности на улица во Владевци која е повеќегодишно барање на граѓаните.  Оваа улица ќе добие асфалт по поставувањето на нов тампон. Запазени се сите рокови и ветувања кон граѓаните“, напиша Андонов.

Улицата е планирана со Програмата за Изградба, реконструкција и одржување на  локални патишта и улици во општина Василево за 2024 година. Според техничката документација, долга е 170 метри а  широка   3 метри. Буџетот за нејзина изградба изнесува 850 784 денари и истиот е обезбеден  од општинската каса.

Извор: Општина Василево

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте