Општина Василево започна со изградба на улица во населеното место Владевци, која како што информира градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, е повеќегодишно барање на граѓаните.
„Почнуваме со градежни активности на улица во Владевци. Денес направивме увид во градежните активности на улица во Владевци која е повеќегодишно барање на граѓаните. Оваа улица ќе добие асфалт по поставувањето на нов тампон. Запазени се сите рокови и ветувања кон граѓаните“, напиша Андонов.
Улицата е планирана со Програмата за Изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2024 година. Според техничката документација, долга е 170 метри а широка 3 метри. Буџетот за нејзина изградба изнесува 850 784 денари и истиот е обезбеден од општинската каса.
Извор: Општина Василево