spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДојран: Извештај од тестирање- Здравствена безбедност на водата од Дојранското Езеро

Дојран: Извештај од тестирање- Здравствена безбедност на водата од Дојранското Езеро

Водата од Дојранското Езеро е во одлична состојба!

Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од страна на Центарот за јавно здравје, Велес, покажаа дека истата е во ОДЛИЧНА СОСТОЈБА и е БЕЗБЕДНА за капење и рекреација на луѓето!

Според неодамнешните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико” од страна на Центарот за јавно здравје, институција со докажан квалитет која успешно работи години наназад, докажано дека водата кај трите споменати плажи е во одлична состојба и не постои пречка луѓето слободно да се капат и да уживаат во рекреативни активности во водата. 🌊🏊‍♀️

Резултатите од испитувањата на езерската вода се идентични со минатата година, односно, истите ја истакнуваат нејзината непроменета одлична состојба и покажуваат параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.

Во текот на летниот период од страна на Центарот за јавно здравје, Велес, неколку пати се земаат примероци од езерската вода за нејзино тестирање.

Здравствена-безбедност-на-водата

Преземи

Извор: Општина Дојран

Прочитајте

Карпош: Координативна средба за подигање на хигиената

0
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вчера одржа координативен состанок со претставниците од Одделението за месна самоуправа и вработените коишто се задолжени за одржување...