spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДојран: Национално Триатлон Првенство – Дојран 2024

Дојран: Национално Триатлон Првенство – Дојран 2024

Викендот на 15ти и 16ти јуни во организација на Триатлон федерација на Македонија и Општина Дојран, се одржа  Национално триатлон првенство, во категории Сениори, Јуниори, Мастерс, Кадети, Деца 1 и Деца 2.

На триатлонот учествуваа натпреварувачи кои се членови во триатлон клубови, но и рекреативци кои немаат членство во клуб.

Триатлонот во Македонија за прв пат беше промовиран од страна на спортскиот работник Ѓорги Кузмановски во 1994 година, кога беше организиран натпревар на езерото Треска. Во годините потоа, триатлон спортот стана се попопуларен во земјава, и се отворија повеќе клубови.

Триатлон Федерацијата пак е основана во 2001 година, и за претседател беше избран основоположникот Кузмановски. Во 2016 година тој беше промовиран за почесен претседател на Триатлон Федерацијата, а се до неговата смрт во 2022 година, на 80-годишна возраст, беше присутен на триатлоните во земјава, давајќи им поддршка на натпреварувачите.

Извор: Општина Дојран

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...