spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСАДУ11ти Конгрес на Европската федерација на синдикати од јавен сектор (EPSU)

11ти Конгрес на Европската федерација на синдикати од јавен сектор (EPSU)

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) во периодот од 18.06.2024-20.06.2024 учествуваше со свој делегат на  11тиот Конгрес на Европската федерација на синдикати од јавен сектор (EPSU) во Букурешт, Романија, кој што се одржува на секои пет години. На 11тиот Конгрес на EPSU со наслов “Time for Public Services!” присуствуаа повеќе од 300 делегати, членки на EPSU, од цела Европа.

11тиот Конгрес на EPSU започна со поздравни обраќања од досегашниот Претседател на EPSU, Mette Nord како и  претставници на романските синдикати и државниот секретар од Министерството за труд и социјална солидарност на Романија. За време на Конгресот беа усвоени Финансискиот извештај и Извештајот за активности за периодот 2019-2023.

Главен фокус на 11тиот Конгрес беше Акциската Програма за следните 5 години која се состои од 5 секции: Обезбедување мир, демократија, еднаквост, права и слободи; Враќање и зајакнување на јавните услуги; Борба за зелена, дигитална и социјално праведна транзиција; Квалитетните работни места создаваат квалитетни услуги и Градење и зајакнување на синдикатите на јавните служби.

Во рамки на Конгресот свое обраќање имаа и Daniel Bertossa, Генералниот секретар на PSI, Voet Ludovic, Конфедералниот секреатр на ETUC а свое видео обраќање имаше и Hans Kluge, директор на Светстската Здравствена Организација. Воедно се одржаа и панели на тема: Организирање и регуртирање; Акцијата на синдикатот за борба против климатската криза како и Панел дебата за синдикалните права и важноста на меѓународната солидарност.

Делегатите го избраа и новото раководство на EPSU, односно Francoise Geng беше избрана за Претседател на EPSU за следните 5 години, додека Jan Willem Goudriaan беше реизбран по трет пат за Генерален Секретар на EPSU за периодот 2024-2029.

Извор: САДУ

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...