spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Со бројни гости од среда стартува роденденска недела и културно...

Кисела Вода: Со бројни гости од среда стартува роденденска недела и културно лето

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одржа прес конференција посветена на 69-тиот роденден општина Кисела Вода, како и на традиционалното културно лето. Под слоганот, “69 години Кисела Вода, храброто срце на градот,” во среда започнува роденденската седмица која ќе биде одбележана со најразлични случувања – од капитални инфраструктурни проекти до музички и културни манифестации.

На повеќе сцени- на Три Круши, во паркот пред салата Расадник, но и во парковите Македонија и Шопен ќе се одвиваат голем број на настани кои годинава, како што истакна Ѓорѓиевски се замислени како цели фестивали со повеќе изведувачи.

Акцентот е ставен најмногу на македонските изведувачи, но има и звучни гости од Србија. Од 26 до 29 јуни публиката ќе може да ги види Ламбе Алабаковски, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов, КУД Китка, Два Бона, Пајак, Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица, а за роденденот на општината на 29 јуни е предвиден голем концерт на Суперхикс со пријателите-Дани Димитровска, Битолски камерен оркестар, “Ја, Дека и Зека” од Војводина, Фолтин, “21 век” и многу други. Голем дел од извдувачите беа присутни на денешната прес конференција каде говореа за програмата со која ќе се претстават и се заблагодарија на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пред се за тоа што фокусот е ставен врз македонската музика. Гостинот од Србија, Ѓорѓе Давид упати благодарност за гостопримството и истакна дека секогаш е расположен за соработка со македонски артисти кои исклучително ги цени.
-Со мислата „Иднината им припаѓа на оние што веруваат во убавината на своите соништа“ сакам да го започнам моето денешно излагање, бидејќи со овој дух, во последните три години, Кисела Вода прерасна во лидер во реализацијата на иновативни проекти, со храбри чекори кои инспирираа многу други општини да го следат нашиот пример. Оттука, годинешниот слоган, “69 години Кисела Вода, храброто срце на градот,” ги рефлектира токму храброста и волјата со кои ја водиме нашата општина. Во текот на оваа роденденска недела, нѐ очекуваат најразлични настани – од капитални инфраструктурни проекти до музички и културни манифестации, кои ќе ги одразат сите аспекти на нашата работа. Како и секогаш, целата прослава е посветена на нашите граѓани. Почнувајќи од оваа среда, 26ти јуни па се до сабота 29ти јуни, ви најавуваме посебно музичко доживување, бидејќи сите настани ги конципиравме како фестивали со поголем број пејачи и изведувачи. Настанот на Три Круши, ќе го отворат хористите од ООУ “Кузман Јосифовски Питу”, кои годинава се вратија од натпреварот во Италија со шест награди. По нив, на сцената ќе настапи КУД Китка, едно од нашите најголеми културни обележја и амбасадори, како и многу познати имиња од фолк и поп сцената. ќе набројам некои од музичките имиња- ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ, БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ, ОГНЕН ЗДРАВКОВСКИ, МИЛЕ КУЗМАНОВСКИ, АЛЕКСАНДАР ТАРАБУНОВ, ДВА БОНА, ПАЈАК, но и гости од Србија. Како предводник ќе го спомнам Ѓорѓе Давид, чиј концерт ќе се случува на 28 ми јуни пред салата Расадник. Со него ќе настапат цела низа од популарни пејачи кои со него ќе настапат-Бресквица, Иванa Петерс, нашата Андријана Петрушовска итн… Особена благодарност упатуваме до нашите гости од Србија кои ќе го збогатат настанот и ќе ја пренесат приказната за нашата општина и надвор од границите на Македонија.
За најмладите, организираме семеен ден во паркот Македонија, во сабота на 29-ти, со спортски игри, со интерактивна музичко-драмска претстава од Продукција ТРИАНГЛ, со музика, жонглери, забавувачи, трамболини и бесплатна фото кабина за спомен фотографии за посетителите. Во паркот Шопен, во четврток, пензионерите ќе уживаат во хуманитарната коријада и музички настап од хорот “Вања Лазарова”.
За роденденот на Кисела Вода веќе традиционално, ќе доделиме статуетки-клучеви за најзаслужните кои дале свој белег во афирмацијата и растежот на нашата заедница. Воедно, сите талентирани ученици кои освоиле награди на меѓународни натпревари во најразлични области од науката и спортот, ќе добијат парични награди на свечената седница на Советот на Општината.
Веќе споменав дека во овие седум дена ќе бидат реализирани и повеќе капитални инфраструктурни проекти кои беа долгоочекувани од жителите и за кои знаеме дека ќе бидат многу задоволни. Говорејќи на таа тема, сакам да назначам дека од првиот ден на мојот мандат сум насочен кон решавање на децениски проблеми, а значаен дел од мојата работа е обновата и давaњето дух на некогашните култни локации како што се Славија, Оксиген, наскорo и сaлaта Расадник… Впрочем, поддршката, Кисела Вода како локална самоуправа и јас како нејзин градоначалник ја даваме на сето она што е бренд на градот, било да се работи за инфраструктура, уметност, па и на култните бендови како што е СУПЕРХИКС-бендот кој е заштитен знак на многу генерации наназад.
Токму затоа затворањето на културното лето, кое се случува на самиот роденден на Општина Кисела Вода, на 29 јуни, ќе биде одбележано со прослава на два родендена- и нашиот и на СУПЕРХИКС кој ќе одбележи 30 години постоење. Во паркот пред салата Расадник ќе има огромна забава со овој бенд и сите нивни гости-Дани, Битолски камерен оркестар, Ја,Дека и Зека од Србија, Фолтин, 21 век и многу други имиња-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски поканувајќи ги сите жители на Кисела Вода, на Скопје и пошироко да бидат дел од големата прослава на Општина Кисела Вода.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...