spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Средба на министерката Јаневска со раководството на СОНК

МОН: Средба на министерката Јаневска со раководството на СОНК

Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура ќе продолжат да се заложуваат за унапредување на правата и подигнување на општествениот и материјалниот статус на наставниците, стручните соработници и другите вработени во училиштата и тоа денеска на работна средба го потврдија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и претседателот на СОНК, Јаким Неделков. 

„Вработените во образованието, а особено просветните работници се клучна алка во процесот на создавање генерации од кои многу очекуваме. Затоа, тие треба да бидат мотивирани, а мотивацијата најмногу зависи од грижата на државата кон нив. Зголемувањето на платите и подобрувањето на условите за работа во училиштата се програмски определби на новата Влада и уверувам дека целосно ќе ги реализираме“, рече министерката Јаневска. 

Честитајќи и’ го изборот на министерката во составот на новото владино раководство, претседателот на СОНК, Неделков изрази надеж за успешна соработка и како што рече, министерката доаѓа од наставничката фела и таа добро знае што им недостасува на наставниците и каква е состојбата во образовните установи, очекувајќи поголеми промени од тој аспект во следниот период.  

Извор: Влада

Прочитајте

МЈА: Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата Заменик – Министер за Јавна...

0
Во просториите на Министерството за Јавна Администрација денес беше извршено примопредавање на должноста Заменик - Министер за Јавна администрација. Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, заедно со поранешниот Заменик - Министер на Министерството...