spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за предадени градинарски култури во...

МЗШВ: Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информираа земјоделците дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети.

Кон околу 4.030 производители на градинарски култури исплатена е финансиска поддршка од близу 298 милиони евра.

Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и кои оствареното производство го имаат предадено во преработувачки капацитет во период од 26 декември 2022 година – 25 декември 2023 година.

Висината на финансиската поддршка, пак по корисник, изнесува 3 денари за сите градинарски култури, освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на финансислата поддршка изнесува 5 денари за предадените колични во период мај – јуни 2023 година и ноември – декември 2023 година.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...