HomeМинистерстваМЗШВ: Македонските винарии се закитија со 162 награди на 13 Балкански меѓународен...

МЗШВ: Македонските винарии се закитија со 162 награди на 13 Балкански меѓународен натпревар и фестивал за вино

spot_img
spot_img

Прославуваме уште еден голем успех на нашите македонски винарии постигнат на 13-тиот Balkans International Wine Competition and Festival, што се одржа оваа година во две држави Турција и Бугарија.

Како држава докажавме дека имаме со што да се гордееме, дека винскиот сектор го поставивиме на вистинските патеки, а македонското вино го искачивме високо на светската винска карта.

Во силна винска конкуренција со над 1200 вински етикети презентирани од винариите на 16 држави учеснички, македонските винарии освоија вкупно 162 награди.  

Трофеј за органско вино освои Винарија Брзанов, Винаријата Лазар освои трофеј за домоделно бело, а трофеј за најдобро регионално вино освои Винарија Илиев. Дополнително македонските винарии на овој натпревар освоија 3 двојни злата, 47 златни медали, 69 сребрени медали и 40 бронзени медали.

Македонски семејни винарии и на овој вински натпревар се покажаа во одлично издание, оправдувајќи ја поддршката која во својот развој ја имаат од државата, освојувајќи 81 награда што е половина од вкупната бројка на наградени македонски вина.

Линк до резултатите од 13-тиот Balkans International Wine Competition and Festival

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија