spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПремиерот Мицкоски со нова вест: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата...

Премиерот Мицкоски со нова вест: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, оствари работна средба со министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите.

Со овој проект, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година.

Ваквото изборно ветување кое доби своја конечна форма ќе биде разгледано на првата седница на Владата, која ќе се одржи на 28.6.2024 година (петок).

Новата Влада останува посветена на исполнувањето на своите ветувања и продолжува да работи со посветеност за добробит на сите граѓани.

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Асфалтирана улица во Јака

0
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Денеска асфалт доби уште една улица во населбата Јака, односно улица „109“ која е во...