Под мотото “По правилниот пат чекориш” општина Бутел ја продолжува традицијата која започна во минатите години.
Беа доделени парични ваучери на најдобрите ученици во вредност од 12.000 денари и 6.000 денари.
На 11 првенци на генерација во три наставни јазици македонски, албански и турски им беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари.
На основците од 8, 7, 6 и 5 одделение во трите наставни јазици им беа доделени парични ваучери во вредност од 6.000 денари.
Општина Бутел вложува максимално во образованието и континуирано се грижи за најдобрите ученици.
Учениците се наша гордост, наша должност е да го почитуваме нивниот труд.
Извор: Општина Бутел