СЕКОЈ ДЕН НОВА ПРОМЕНА.
ВЕТУВАЊАТА КОН ГРАЃАНИТЕ МОРА ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ.
Општина Бутел продолжува со реконструкција и асфалтирање на улиците во Љубанци.
Улица 1 е една од клучните сообраќајници во Љубанци. Улица која го поврзува селото, води до селските гробишта и до црквата “Св. Богородица”.
Целосно e заменет стариот цевковод и поставена е нова водоводна мрежа.
Градежната експанзија продолжува и се одвива со силна динамика. Ветувањата кон граѓаните се исполнуваат.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.
Извор: Општина Бутел