Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се сретна со Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На средбата беше потврдена континуираната и долгогодишна соработка со ОБСЕ во различни области опфатени со мандатот на Мисијата.
Соговорниците разменија мислење за актуелните аспекти од работењето на Мисијата на ОБСЕ и во таа насока заеднички беше реафирмирана определбата за продолжување на активностите и натамошно фокусирање на проектите во поддршка на реформските процеси на новата Влада.
Извор: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија