spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јаневска - На 1 септември ќе има учебници за основно, исклучок...

МОН: Јаневска – На 1 септември ќе има учебници за основно, исклучок ќе бидат неколку предмети по кои дополнително ќе се изработат

Многу шпекулации се проширија во јавноста, но би сакала да повторам и потврдам дека сите ученици од прво до деветто одделение на први септември ќе имаат учебници, со исклучок на неколку предмети за кои претходното раководство во министерството не обезбедило и можеби ќе доцниме со нивната изработка. За ова, информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во денешното гостување во дневникот на ТВ Сител.

„За седмо одделение не може да има учебници по новата програма. Имам докази дека ниту еден учебник не е пуштен во печат, а некои не се ни подготвени, ни одобрени. Поради тоа во интензивни разговори сме со Бирото за развој на образованието и најверојатно утре ќе го дефинираме решението. Идејата е да ја запреме Концепцијата за седмо, осмо и деветто одделение, со тоа што, седмоодделенците ќе учат по старите наставни програми и по старите учебници“, информираше Јаневска, додавајќи има одреден тираж кој се користел изминатава учебна година и ќе се направи анализа колку примероци дополнителни треба да се испечатат.

Главен проблем, рече министерката, се учебниците по странските јазици кои години наназад недостасуваат и тие по ниедно одделение во основното образование нема да бидат изготвени до 1 септември. Во средното пак, се прават напори за печатење на 120тина учебници кои ќе се користат во стручните училишта.

Јаневска посочи дека во минатото се одобрувале и се печателе учебници за кои имало и негативно мислење од рецензентските комисии и Бирото за развој на образованието и како што рече, ова се елементи кои треба да се истражат и да се лоцира одговорност.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Карпош: Ќе се отвара собирен центар на отпадни гуми

0
Секторот Инспекторат и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска склучија договор за деловна соработка и користење на опрема со Друштво за управување со...