HomeМинистерстваМОН: Под ново раководство, започнува системски да ги решава предизвиците на...

МОН: Под ново раководство, започнува системски да ги решава предизвиците на младите луѓе

spot_img
spot_img

Министерството за образование и наука е запознаено со ситуацијата во која се наоѓаат учениците од Македонија и нивните наставници ментори, кои се квалификуваа за учество на меѓународни научни олимпијади, а за жал, не добиле никаква финансиска поддршка од државата. Под ново раководство, институцијата веќе работи на подготовка на системско решение со кое овој предизвик во иднина нема да го почувствува ниту еден друг ученик, а се трудиме да најдеме и интервентно решение со цел, да им се помогне на овие млади таленти да го реализираат годинешното учество во натпреварувањата.

Сакаме да информираме дека во фаза на подготовка е нов Закон за средно образование во кој ќе бидат предвидени одредби за надомест на патни и трошоци за котизација за учество на меѓународни научни олимпијади. Многу скоро, предлог законот ќе биде проследен до Владата, а оттаму и до Собранието, каде очекуваме поддршка од сите пратеници, вклучително и пратениците на политичката партија која денеска го прозва министерството.  

Второто решение пак, е интервентно за конкретната ситуација. Во недостиг на законска регулатива за директно постапување, МОН пред неколку денови се обрати до бизнис заедницата и коморите во Македонија со цел доколку се во можност да обезбедат спонзорство за средношколците достојно да ја претстават државата на меѓународните научни олимпијади. Очекуваме повратна информација.  

МОН ја цени грижата на политичките субјекти во државата кон младите и изразува уверување дека секоја идеја која ќе биде доставена до нас, со должно внимание ќе биде разгледана можноста за имплементација. Сплотеноста за поддршка на младите сега, ја стимулира нивната желба за придонес и развој кон државата во иднина.

Извор: Министерство за образование и наука

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија