spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски на средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во...

МЗШВ: Трипуновски на средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во Македонија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во Македонија и д-р д-р Теклу Тесфаје виш економист за земјоделие во канцеларијата на Светска банка во Македонија.

Разговаравме за проектот „Модернизација на земјоделството“ кој е финансиран од Светска банка, ме известија за статусот на имплементацијата и текот на активностите како и за застојот со кој што се соочиле при реализацијата на проектот. – изјави Трипуновски.

Двете страни изразија спремност за понатамошна успешна соработка со цел реализација на планираните, но и започнување на нови заеднички проектни активности.  

Јас ќе сторам се за да помогнам во имплементацијата на проектот „Модернизација на земјоделството“ и истиот да биде финализиран што поскоро бидејќи македонските земјоделци заслужуваат модерни и квалитетни услови за работа. – заврши Трипуновски.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...