spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР : Издадени 170 решенија за одобрување на финансиска поддршка преку Програмата...

АФПЗРР : Издадени 170 решенија за одобрување на финансиска поддршка преку Програмата за рурален развој

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој додели финансиска поддршка за ко-финансирање и грантови за проекти поднесени за мерки од Програмата за рурален развој.

По спроведениот повик за набавка на комбајни за жито одобрени се 31 апликација со вкупна финансиска поддршка од 84.6 милиони денари. Поддршката е по принцип на ко-финансирање од 50 – 75% од вкупно прифатливите трошоци. Корисници на мерката се индивидуални земјоделци и правни лица, а максималната вредност на прифатливите трошоци е до 3 милиони денари кофинансирана сума по поединечен корисник.

119 индивидуални земјоделци и правни лица се одобрени за финансиска поддршка за набавка на добиток од увоз. Со финансиска поддршка од 375.3 милиони денари одобрените апликанти ќе добијат ко-финансирање на нивните инвестиции од 50 – 75% за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирано млеко-месо, педигрирани машки и женски приплодни грла овци и педигрирани машки и женски приплодни грла кози. Максималната вредност на прифатливите трошоци е од 10 милиони денари кофинасирана сума по поединечен корисник.

Преку програмата за рурален развој обезбедуваме и финансиска поддршка во вид на грант до 10.000 евра за 21 млад земјоделец. Корисници на оваа мерка се земјоделци на возраст од 18-40 години кои се регистрирани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства кои поднеле барање за финансиска поддршка не подоцна од 18 месеци од денот на запишување во ЕРЗС. Максималната прифатлива сума е 10.000 евра со 100% финанисиска поддршка од Програмата за рурален развој. За оваа мерка се одвоени 12 милиони денари.

Вкупниот буџет за реализација на одобрените инвестиции е 472 милиони денари.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...