HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Свечено беа дадени сертификатите за преведувачи и лектори

АПЈ: Свечено беа дадени сертификатите за преведувачи и лектори

По четиринеделната обука за преведувачи и лектори, која четврта година по ред се одржува во Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, каде учествуваа претставници од 37 различни институции од централната и локалната власт, денеска на свечен начин им беа доделени сертификати на 46 кандидати кои редовно ја следеа оваа обука, од вкупно 54 кои се пријавија на почеток.

Во присуство на голем број учесници, сертификатите ги доделија директорот на АПЈ, Ардијан Муслиу и на помошник- раководителката на секторот за поддршка на директорот, Шпреса Зеќири- Ибрахими.

На оваа обука предаваа 15 познати професори од правната и јазичната област, кои се осврнаа на аспекти поврзани со правни прашања од употребата на јазикот на официјални нивоа, како и многу други прашања поврзани со албанскиот јазик во практична употреба при превод и лекторирање на дописи и службени документи.

Извор: Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...