spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Бесплатна униформа за секој ученик

Гази Баба: Бесплатна униформа за секој ученик

Со почеток на учебната 2024 / 2025 година, сите ученици од општинските основни училишта на територија на Општина Гази Баба ќе добијат бесплатна униформа.

Овој проект започна да се реализира во Општина Гази Баба со доаѓањето за градоначалник на Бобан Стефковски со што тој го исполни ветувањето дека сите ученици ќе добиваат бесплатни униформи.

Со реализацијата на овој проект се намалуваат социјалните разлики што ги има во секое општество и се постигнува чувство на еднаквост меѓу децата, без поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а притоа се намалуваат и трошоците на родителите на учениците.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте