Најавуваме реализација на еден нов проект кој е од посебно значење на жителите на Маџари.
Градоначалникот Бобан Стефковски ја потпиша Одлуката за избор на економски оператор кој ќе ги извршува градежните активности за изградба на атмосферска канализација на улицата Јордан Поп Јорданов како прва фаза од целиот проект.
Веднаш по завршувањето на изградбата на потребната подземна инфраструктура ќе пристапиме кон асфалтирање на улицата со што коцката ќе замине во историјата.
Реализацијата на овој проект се случува поради барање на жителите од оваа улица, кои го барале тоа години наназад.
Извор: Општина Гази Баба