Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и пратениците Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски и Дијана Илиевска го посетија археолошкиот локалитет Тумба Маџари на кој се во тек археолошки ископувања во кој е пронајден уште еден жртвеник со претстава на Божицата – Големата Мајка стар осум илјади години.
Овој локалитет е од посебно значење за Општина Гази Баба но и Град Скопје и токму поради тоа изминатиот период работевме на негова промоција и афирмација како во Македонија така и надвор за време на учеството на сите меѓународни саеми.
Истовремено во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во 2022 година го реализиравме проектот за обележување на локалитетот Тумба Маџари со поставување на патокази.
За поддршката која како локална самоуправа ја даваме на археолошкиот локалитет Тумба Маџари, а по повод 100 години од постоењето на Археолошкиот музеј на Македонија на денешниот настан му беше врачено признание кое за нас претставува силен мотив за уште поголема поддршка на локалитетот во иднина
Извор: Општина Гази Баба