spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јаневска - Низ вистинска јавна расправа ќе ја ревидираме Концепцијата за...

МОН: Јаневска – Низ вистинска јавна расправа ќе ја ревидираме Концепцијата за основно образование, незадоволството со сегашното образование е огромно

Министерството за образование и наука подготвува нов концепт за матура. Министерката Весна Јаневска во гостувањето на МТВ рече дека учениците од средните стручни училишта ќе полагаат посебна матура, додека за учениците од гимназиско образование останува државната матура, што ќе биде задолжителна и за оние кои ќе сакаат од стручно образование да преминат во несоодветно високо образование.

„ Ќе преземеме мерки за да им го доближиме начинот на стекнување на знаења на учениците.  Наставните планови и програми во гимназиско образование не се сменети повеќе од 20 години. Ние тоа ќе го промениме и во соработка со Бирото за образование ќе воведеме предмети, односно стекнување на знаења, вештини и компетенции за она што е соодветно на денешното време, на пример: финансиска писменост, претприемништво, комуникација, менаџирање на пари, информатика, многу техничко образование – нешто што е потребно во денешното време за младите да можат да се вклучат на пазарот на труд и во општеството, без оглед кој степен на образование го завршиле“, објасни министерската Јаневска.

Концепцијата за основно образование ќе се ревидира во широка јавна расправа, затоа што, како што посочи Јаневска, незадоволството од неа е големо, како кај родителите и наставниците, така и кај стручната фела.

„Владата, на барање на Министерството, донесе одлука за одложување на имплементација на Концепцијата за 7., 8. и 9. одделение. Многу брзо ќе има јавна расправа, да видиме каде и што треба да измениме. Ќе бидат вклучени бројни институции и бројни стручњаци, секако и наставниците и родителите“, нагласи министерката Јаневска, додавајќи дека ќе се одвојат предметите што беа споени со Концепцијата, ќе се додадат и нови, но сè од Концепцијата што наставниците и стручната фела рекле дека е добро или ќе речат дека е добро, ќе остане во наставните програми и планови.

Ревидираната и надградена Концепција ќе обезбеди континуитет, без да има празнини во образованието на децата.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МЗ: Нова Медицинска опрема во КБ Битола

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари ја посети Клиничката болница во Битола по повод обезбедена нова медицинска опрема за унапредување на третманот на пациентите. Продолжуваме...