HomeМинистерстваМЖСПП: Состанок со директорот на Енергетска заедница Лорковски

МЖСПП: Состанок со директорот на Енергетска заедница Лорковски

spot_img
spot_img
Sredba_Mexhiti_so_direktorot_Lorkovski

На барање на Секретаријатот на Енергетската заедница, денес, во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржа средба меѓу првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина Меџити и директорот на Енергетската заедница, Лорковски.

На средбата беше информирано за соработката со Енергетската заедница во областите животна средина и климатска акција, Патоказот за декарбонизација и врската со Планот за раст и пакетот за мониторинг известување и верификација на емисиите на стакленичките гасови.

Министерот Меџити истакна дека работата на климатските промени и декарбонизацијата претставува висок приоритет на Министерството и најави дека ќе се работи на формирање на потребната административна структура за имплементирање на обврските од Планот за раст.

Директорот Лорковски уште еднаш ја реафирмираше поддршката што Енергетската заедница континуирано ја дава на нашата држава, укажувајќи на обврските што произлегуваат од законодавството на ниво на ЕУ во делот на големите согорувачки инсталации и потребата за јасен развоен правец во идниот национален план за енергија и клима.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија