spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАХВ: Миланов за МТВ: Засилени контроли, потребен е поголем број на инспектори

АХВ: Миланов за МТВ: Засилени контроли, потребен е поголем број на инспектори

Засилени инспекциски контроли најавува директорот на АХВ, Оливер Миланов. Во летниот период зголемен е ризикот од расипливост на храна и труење. АХВ ќе постапува и по спреченото криумчарење на два тона месо од Царинската управa.

Директорот Миланов најавува засилени инспекциски контроли особено во туристичките места, но за таа цел се потребни најмалку уште 40-тина инспектори. Еден од приоритетите на новиот директор е усогласување со европската регулатива кога е во прашање безбедноста на храната.
Некои од граѓаните со кои поразговаравме велат дека внимателно го проверуваат рокот, а неодамна вратиле производи со сомнителен квалитет во продажното место од каде ги купиле.

Уништена пратка на увезени праски од Албанија, месни конзерви по потекло од Романија, вратена пратка со замрзнато пилешко месо од Унгарија, конзервирана туна со потекло од Тајланд. 18 тони храна од животинско и неживотинско потекло се уништени од почетокот на годината заклучно со мај.

https://play.mrt.com.mk/play/575007

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Прочитајте

Ѓорче Петров: Празничен Викенд – Магија, Радост и Заедништво

0
Празничната атмосфера оваа година започна токму од општина Ѓорче Петров, носејќи радост, среќа и заедништво за сите генерации. Викендот беше исполнет со низа активности...