spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Започнува соработка со Меѓународниот балкански универзитет

Аеродром: Започнува соработка со Меѓународниот балкански универзитет

Општина Аеродром и Меѓународниот балкански универзитет во Скопје воспоставуваат меѓусебна соработка и партнерство во повеќе области.

Ова беше договорено на денешната средба меѓу заменик-градоначалникот Дејан Митески и ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф. д-р Лутфи Сунар, што се одржа во Општина Аеродром.

Меморандумот за соработка меѓу двете институции се очекува да биде потпишан во наредните денови, а првиот заеднички проект би бил изработка на архитектонско решение за изградба на нова детска градинка од страна на студентите под надзор на професорите од овој универзитет.

Ректорот Сунар исто така ја понуди и можноста за обука на воспитно-наставниот кадар од градинките и од основните училишта во различни области, што секако е од значење и за нашата општина, но и за студентите и професорите затоа што на овој начин теоретската надградба ќе може да се примени во практика.

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...