HomeОпштиниАеродром: Се уредува просторот пред пензионерскиот дом „Аеродром“, најавена нова урбана опрема...

Аеродром: Се уредува просторот пред пензионерскиот дом „Аеродром“, најавена нова урбана опрема и на други локации

spot_img
spot_img

Општината деновиве го уредува паркот пред пензионерскиот дом „Аеродром“ каде што се поставуваат нови клупи за седење и друга урбана опрема, со што се создаваат подобри и поубави услови за престој и дружење на станарите од овој дом.

Заменик-градоначалникот Дејан Митески ја посети локацијата на која се работи и имаше можност да се сретне со некои од жителите на домот, во кој живеат вкупно 151 станар. Тој поразговара со нив, ги слушна нивните потреби, барања и идеи и им најави дека Општината ќе продолжи да се грижи за непосредната околина во која живеат тие.

Митески истовремено посочи дека во изминатиот период беше поставена нова урбана опрема на повеќе локации низ целата општина и истото ќе продолжи и во иднина согласно со потребите на жителите на Аеродром. Исто така, во наредниот период ќе биде извршена санација и замена и на кантите за отпадоци со нови поцинкувани садови отпорни на временските влијанија.

Општина Аеродром останува посветена на уредување на јавните површини и на парковите, на создавање повеќе места за дружба и релаксација за сите генерации, како и на одржување на хигиената на целата територијата.

Извор: Општина Аеродром

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија