spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Ги награди првенците на генерација за

Карпош: Ги награди првенците на генерација за

Согласно планираната Програма на Одделението за образование на Општина Карпош, локалната самоуправа и годинава традиционално ги награди најдобрите основци – првенци на генерација за учебната 2023 – 2024 година. По тој повод, градоначалникот Стевчо Јакимовски во својот кабинет денеска им ги врачи решенијата за еднократна финансиска поддршка во висина од 10.000 денари, поединечно на 10 првенци на генерација, од сите 10 основни училишта кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа. Исто така, тие добија и пофалници за постигнатиот успех.

     -Овие првенци на генерација се најчесто и наши стипендисти. Општина Карпош обезбеди седумдневен одмор во соседна Грција, како подарок за постигнатиот успех на учениците и најдобрите спортисти на спортските училишни лиги. Оваа награда која е скромна финансиска поддршка е се со цел да почуствуваат како е да ги заработат своите први пари, односно колку е потребен труд и пред се желба кон тоа што целат – рече Јакимовски.

Инаку, на крајот на учебната година, секое општинско основно училиште во Карпош избира по еден првенец на генерација, кој е во согласност со пропишаниот  Правилник и критериумите за избор на првенец на генерација. Со оваа иницијатива Општината сака ги поддржи, мотивира и да го поттикне напредокот на своите основци во рамки на воспитно – образовниот процес. Во таа насока, локалната самоуправа обезбедува и стипендии за талентирани ученици, како и за талентирани спортисти кои имаат постигнато исклучителни резултати во својата област. Како секоја година, така и оваа, првенците на генрација заедно со најдобрите спортисти ученици, беа дел од еднонеделниот летен камп ,,Каливас”, во соседна Грција.

За првенци на генерација за учебната 2023 – 2024 година се прогласени:

1.Јована Петрушевска – ООУ „Аврам Писевски“

2.Бисера Гирова – ООУ „Братство“

3.Огнен Цацаноски – ООУ „Димо Хаџи Димов“

4.Михаела Карадимче – ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“

5.Ева Дренковска – ООУ „Јан Амос Коменски“

6.Катерина Моцан – ООУ „Лазо Трповски“

7.Максим Кацкаровски – ООУ „Петар Поп Арсов“

8.Ема Маневска – ООУ „Вера Циривири Трена“

9.Илина Трајчулески – ООУ „Владо Тасевски“

10.Ана Петрова – ООУ „Војдан Чернодрински“

https://youtube.com/watch?v=EnxQRXFuKmU%3Ffeature%3Doembed

Извор: Општина Карпош

Прочитајте