spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Министерот Минчев оствари средба со директорката на РеСПА Ханџиска Трендафилова

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со директорката на РеСПА Ханџиска Трендафилова

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со директорката на РеСПА г -ѓа Маја Ханџиска Трендафилова.

Министерот Минчев ја информираше директорката на РеСПА за приоритетните активности во новото МЈА. Во фокусот на разговорите беше одличната соработка и идната подршка и можностите за користење на механизмите на РеСПА што нашата земја има можност да ги добива како земја членка.

Директорката на РеСПА  г-ѓа Трендафилова го информираше министерот за мисијата и функционирањето на РеСПA, која има за цел да го поддржи создавањето на транспарентни, одговорни и професионални институции на јавната администрација кои обезбедуваат ефикасни услуги во корист на граѓаните и бизнисите.

Имено, РеСПА активностите се насочени и кон организирање и испорака на обуки, конференции, настани и публикации кои имаат за цел да пренесат нови знаења и вештини, како и да се олесни размената на искуства во рамките на регионот, помеѓу регионот и земјите членки на ЕУ.

Министерот Минчев , се заблагодари на придонесот и подршката што РеСПА ја дава на нашата земја во клучните реформски процеси и очекува соработката да продолжи и во иднина.

Македонија оваа година претседава со РеСПА.

Извор: Министерство за јавна администрација

Прочитајте

МЕП: Министерот Муртезани назначен за главен преговарач со ЕУ

0
На седница на Владата, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, беше назначен за главен преговарач со Европската Унија за членство на Република Северна Македонија...