HomeМинистерстваМЕТ: Средба на министерот Дурмиши француски амбасадор Бомгартнер

МЕТ: Средба на министерот Дурмиши француски амбасадор Бомгартнер

spot_img
spot_img

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија Н.Е. Сирил Бомгартнер.

Министерот Дурмиши на средбата истакна дека економската соработка меѓу Македонија и Франција е одлична и интензивна, а поддршката која Франција ја дава на нашата земја е од големо значење за интеграцијата на земјата во евро-атлантските структури.

Министерот и амбасадорот се согласија дека постои желба и потенцијал меѓусебната соработка да се  прошири во повеќе области, поконкретно во областа на инвестициите од страна на заинтересирани француски компании, ангажирање во изградба на капитални објекти во сферата на енергетиката и зголемување на бројот на туристи од Франција во нашата земја, и обратно.

Министерот Дурмиши се заблагодари на амбасадорот за поддршка која Република Франција постојано ја дава на Република Северна Македонија, и особено на Министерството за економија и труд.

Амбасадорот Сирил Бомгартнер се заблагодари на министерот за средбата, ветувајќи дека поддршката на Франција за Северна Македонија како пријателска земја ќе продолжи и во иднина.

Извор: Министерство за економија и труд

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија