spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМДТ: Министерот Андоновски оствари средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер

МДТ: Министерот Андоновски оствари средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја прими на работна средба амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер.

Министерот ја запозна амбасадорката со тековните планови и проекти на новоформираното Министерство, насочени кон дигиталната трансформација со која ќе се олесни пристапот на граѓаните до електронските услуги и ќе се зголеми ефикасноста и транспарентноста во работењето на јавниот сектор.

Во фокусот на разговорите беа конкретните активности за интензивен развој на дигитализацијата, во сите сфери на општеството. Андоновски изрази подготвеност за остварување на стратешките цели и приоритети кои ќе доведат до поголем економски развој и добробит за граѓаните, потенцирајќи дека намерата е да се достигнат високи стандарди во технолошкиот развој.

„Дигитализацијата не е само технологија; таа е алатка за транспарентност, отчетност и ефикасност. Со воведувањето на електронски услуги и дигитални системи, можеме да елиминираме многу од точките каде што корупцијата најчесто се јавува. Дигиталната трансформација на процесите е важен елемент во справувањето со корупцијата”, констатираа соговорниците.

На денешната работна средба беше искажана благодарност за континуираната поддршка и партнерство од страна на Соединетите Американски Држави, меѓу другото и во делот на спроведувањето реформи, при што двајцата соговорници се согласија дека соработката ќе продолжи и во иднина.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...