spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Средба на првиот вицепремиер и министер Меџити со амбасадорот на Обединетото...

МЖСПП: Средба на првиот вицепремиер и министер Меџити со амбасадорот на Обединетото Кралство Лосон

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари протоколарна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија Н.Е. Метју Лосон на која се дискутираа приоритетите на новата Влада.

1 Средба на првиот вицепремиер и министер Меџити со амбасадорот на Обединетото Кралство Лосон

„Обединетото Кралство, како една од најголемите и најважните сили во светот, отсекогаш играла клучна улога во промовирањето на мирот, стабилноста и економскиот развој на глобално ниво, како и во нашата земја. Нашата соработка со Обединетото Кралство претставува огромна можност за напредок во многу области, вклучително и животната средина, економијата и европската интеграција“ истакна Меџити.

На средбата беше најавена поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање како координатор на Кластер 4, и нов импулс во однос на подигање на Зелената агенда во политичката агенда, како и во координација на засегнатите ресори вклучени во имплементација на ЕУ регулативата.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЗШВ: Исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари, грижата за земјоделците...

0
Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на...