spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Министерот Минчев ја истакна силната волја за реформите во јавната администрација...

МЈА: Министерот Минчев ја истакна силната волја за реформите во јавната администрација и ја поздрави поддршката од САД

Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Н.Е. Анџела Агелер и Министерот за јавна администрација, Горан Минчев одржаа продуктивен состанок на кој ги истакнаa силните и трајни односи како и нивната заедничка посветеност за промовирање на добро владеење и ефективна департизирана јавна администрација.

На средбата стана збор за зајакнување на билатералните односи и истражување на можностите за соработка во јавната администрација и управувањето.

Амбасадорката Агелер и министерот Минчев разговараа за иницијативите за подобрување на јавните и дигиталните услуги, како и промовирање на транспарентноста и одговорноста во владините институции.

Од страна на Амбасадорката Агелер беше силно изразена посветеноста да ги поддржи нашите заложби за модернизирање на јавната администрација и воедно ја истакна важноста од континуирано партнерство меѓу двете нации.

Двете страни се согласија за потребата од тековен дијалог и соработка за справување со заедничките предизвици и унапредување на заедничките интереси. Исто така, Министерот Минчев ја потенцираше важноста од отворен дијалог меѓу сите засегнати страни при одлучување за сите актуелни и идни законски решенија.

Министерот Минчев ја истакна силната волја за реформите во јавната администрација и ја поздрави поддршката од САД.

Извор: Министерство за јавна администрација

Прочитајте

Мицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен и пофлексибилен начин да го...

0
„Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко...