HomeОпштиниПетровец: Започна реконструкцијата на регионалниот пат Р1102

Петровец: Започна реконструкцијата на регионалниот пат Р1102

spot_img
spot_img

Вчера се започна со реконструкција на регионалниот пат Р1102 со гребење на асфалтот на потегот од Хиподром (Ергеле) па се до населеното место Ржаничино.

Во врска со оваа градежна активност, увид и средба остварија градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, градоначалникот на Општина Гази Баба – Бобан Стефковски и директорот на ЈПДП – Коце Трајановски. Се очекува реконструкцијата на овој патен правец да се заврши до крајот на годинава, доколку временските услови го дозволат тоа. Со предвидената санација ќе се олесни протокот на сообраќајот на оваа делница каде дневно минуваат неколку илјади возила.

Извор: Општина Петровец

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте