Административни услуги кои ќе се добиваат на брз и ефикасен начин, предвидува Меморандумот за соработка што го потпишаа министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, за отворање канцеларија за услуги „Една точка за услуги“ (ЕТУ).
Во прво време граѓаните ќе можат да ги добијат услугите како што се Уверение за државјанство, Уверение за податоци за стажот за осигурување, Образец М1/М2, историјат на работни односи итн.
,,Им излегуваме во пресрет на граѓаните, за остварување на нивните потреби и олеснување на животот. Наша цел е бенефит да има секој граѓанин, во секое село и секој град во државата“, порача министерот Андоновски.