spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Во тек активности за амбулантско-консултативни прегледи и онколошки терапии во ГОБ...

МЗ: Во тек активности за амбулантско-консултативни прегледи и онколошки терапии во ГОБ 8 Септември

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска ја посети Градската општа болница „8 Септември, каде се во тек активности за отворање онколошко одделение и обезбедување терапија за пациентите со малигни заболувања.

-Заедно со директорите на ГОБ „8 Септември, проф. д-р Синиша Стојаноски и на Клиниката за онкологија, д-р Игор Стојковски, денеска ги посетивме амбулантите за онкологија, како и дневната амбуланта која очекувам да профункционира за неколку недели. Има решение од Министерство за здравство да можат да се вршат амбулантско-консултативни прегледи и во оваа болница. Целта е дисперзирање на терапијата и растоварување на работата на Клиниката за онкологија, истакна при посетата министерот Таравари.

Директорот на болницата ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојановски појасни дека изготвен е план и динамика за почнување со работа на онколошката амбуланта, каде ќе може да се прима терапија на одделот за специјалистичко-консултативната онкологија и во оваа болница.

-За почеток ќе се трудиме динамиката да одговара на капацитетите, како кадровски, така и функционални на болницата, а постепено како што ќе се зголемува тимот, така ќе расте и бројката на пациенти кои ќе се третираат во оваа установа, истакна д-р Стојановски.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Мицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен и пофлексибилен начин да го...

0
„Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко...