Министерот за Јавна Администрација, Горан Минчев, оствари средба со Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.
На средбата се разговараше за продлабочување и унапредување на соработката и насочување на административните процеси кои влијаат на царинското работење.
Преку креирање на стратешки политики, решенија и унапредување на ефикасноста и ефективноста на јавните услуги, Министертсвото за Јавна Администрација, има за цел да поттикне систем на јавна администрација кој е транспарентен, ефективен и одговорен кон потребите на граѓаните – истакна Министерот Минчев.
Соработката со Министерството за Јавна Администрација е од клучно значење за модернизирање на царинската служба преку обезбедување и развој на капацитети кои ќе доведат до ефикасно, транспарентно и отчетно работење – посочи Директорот Николовски.